Најава за „црвено-црна“ прослава: Вардар ја официјализира 11-та титула!

Најтрофејниот македонски клуб Вардар е пред освојување на нова шампионска титула, 11-та во својата богата историја!

Во денешното 32. коло од Првата македонска фудбалска лига, „црвено-црните“ и дефинитивно може да ја официјализираат круната со триумф над Македонија ЃП од 16:30 часот на „Телеком арената“.

„Вардарци“ посакуваат круната да ја одбележат со што поголем број свои навивачи на трибините на најголемиот македонски стадион, и барем малку да се заборави годинашната слика кога најтрофејниот без малку пред празни трибини го одеше патот кон новиот трофеј.

„Сакаме денеска да ја прославиме новата титула. Минавме низ една одлична сезона, која уште еднаш ја завршуваме успешно на задоволство на сите нас. Не го потценуваме младиот состав на Македонија ЃП, но дефинитивно сме решени денеска да славиме“ – вели капитенот на Вардар, Бобан Грнчаров.

ДВОЈКИ – 32. КОЛО (денеска, 16:30 ч.)

Скопје: ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП

Битола: ПЕЛИСТЕР – РЕНОВА

Кратово: СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ

Скопје: ШКУПИ – ПОБЕДА

Тетово: ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА

Се вчитува...