Најавени тимови: Деле Али ќе игра со скршена рака во Манчестер

Тотенхем со преполовен состав ќе му гостува на Манчестер Сити во обид да ја задржи предноста од 1-0 од првиот натпревар. Хари Кејн е во аут заедно со Дајер и Ламела, но добра вест за Покетино е враќањето на Деле Али. Англискиот репрезентативец ја скрши раката на првиот натпревар во Лондон, но лекарскиот тим успеа да го рехабилитира, па Деле Али со специјална заштита на повредената рака ќе може да настапи на „Етихад“.

Порто ќе го пречека Ливерпул во обид да ја врати негативата од два гола од првиот натпревар. Пепе и Ерера се враќаaт откако поради суспензија го пропуштија првиот натпревар. На спротивната страна, Ловрен воопшто не отпатува со тимот во Португалија, па Клоп сериозно размислува да го врати Фабињо во последната одбранбена линија, а Вајналдум да добие шанса во средниот ред.

 

ПОРТО – ЛИВЕРПУЛ

ПОРТО: Касилјас, Милитао, Пепе, Фелипе, Телес, Данило, Ерера, Отавио, Брахиим, Соареш, Марега.

Отсутни: /

ЛИВЕРПУЛ: Алисон Бекер, Александер – Арнолд, Ван Дајк, Фабињо, Робертсон, Вајналдум, Хендерсон, Кеита, Салах, Мане, Фирмино.

Отсутни: Ловрен, Лалана, Окслејд – Чембрлен.

МАНЧЕСТЕР СИТИ – ТОТЕНХЕМ

МАНЧЕСТЕР СИТИ: Едерсон, Вокер, Стоунс, Лапорт, Менди, Фернандињо, Де Бруин, Давид Силва, Бернардо Силва, Стерлинг, Агуеро.

Повредени: Зинченко. Неизвесен: Фернандињо.

ТОТЕНХЕМ: Љорис, Трипие, Алдерверел, Фертонген, Роуз, Ванијама, Сисоко, Ериксеон, Моура, Сон, Љоренте.

Повредени: Орие, Дајер, Кејн, Ламела.

Се вчитува...