Најавени тимови: Кој ќе ги замени Салах и Фирмино?

Ливерпул се соочува со невозможна мисија, ќе брка негатива од три гола против моќната Барселона, а згора на тоа „црвените“ не можат да сметаат на двајца од своето напаѓачко трио. Роберто Фирмино и Мохамед Салах ќе го следат вечерашниот дуел од трибините на „Енфилд“, а пред Клоп е сериозна дилема, да избере кои двајца играчи ќе ги заменат стандардните првотимци за овој меч.

Ориги со голот постигнат за победа во Њукасл се наметна како фаворит за место во нападот, а Клоп повеќе размислува за опцијата Шаќири да игра веднаш зад Ориги и Мане, отколку шанса да му даде на Стариџ како директна замена за Салах.

На спротивната страна, Валверде има само една дилема, дали повторно да му даде шанса на Кутињо, кој одигра очајно на првиот меч, или пак да тргне со нешто позатворена варијанта, со Артуро Видал во стартниот тим и згуснат среден ред.

ЛИВЕРПУЛ – БАРСЕЛОНА

ЛИВЕРПУЛ: Алисон, Алексанер Арнолд, Ловрен, Ван Дајк, Робертсон, Фабињо, Хендерсон, Вајналдум, Мане, Шакири, Ориги.

Отсутни: Фирмино, Салах, Кеита, Лалана.

БАРСЕЛОНА: Тер Штеген, Семедо, Алба, Пике, Ленгле, Бускетс, Ракитиќ, Роберто, Кутињо (Видал), Меси, Суарез.

Отсутни: Дембеле, Рафиња.

Се вчитува...