Најавени тимови ЛШ: Алегри ќе внимава, Ајакс сака реприза од Мадрид

Стратегот на Јувентус, Масимилијано Алегри, ќе мора многу да внимава во пресрет на вечерашниот реванш против Ајакс, за да не му се повтори судбината на Реал Мадрид од осминафиналето, кога холандскиот гигант на реваншот славеше на „Сантијаго Бернабеу“ и се пласираше меѓу најдобрите осум екипи во Европа за оваа сезона. Јуве и Ајакс влегуваат во денешниот реванш со израмнети 1-1 од првиот меч во Амстердам, а за разлика од тој натпревар „старата дама“ ќе биде дополнително ослабена со неиграњето на Манџукиќ. На спротивната страна, кај Ајакс ќе недостига Талјафико поради суспензија.

Барселона во комплетен состав ќе го пречека Манчестер Јунајтед, а тренерот Валверде е подготвен да му даде предност на Дембеле пред Кутињо, кој го стартуваше првиот натпревар на „Олд Трафорд“. Оле Гунар Солскјер нема да може да смета на суспендираниот Лук Шо, па Јанг ќе се пресели на левата страна од одбраната, додека на десната страна шанса пак ќе добие Португалецот Далот.

ЈУВЕНТУС – АЈАКС

ЈУВЕНТУС: Шчешни, Кансело, Бонучи, Ругани, Алекс Сандро, Емре Џан, Пјаниќ, Матуиди, Бернардески, Кеан, Роналдо.

Отсутни: Манџукиќ, Кјелини, Касерес, Перин.

АЈАКС: Онана, Фелтман, Блинд, Де Лигт, Мазрауи, Ван де Бек, Де Јонг, Шене, Нерес, Тадиќ, Зијеш.

Отсутни: Талјафико, Банде.

БАРСЕЛОНА – МАНЧЕСТЕР Ј.

БАРСЕЛОНА: Тер Штеген, Семедо, Алба, Пике, Ленгле, Бускетс, Артур, Ракитиќ, Дембеле, Меси, Суарез.

Отссутни: Рафиња.

МАНЧЕСТЕР: Де Хеа, Далот, Линделоф, Смолинг, Јанг, Мектоминеј, Фред, Погба, Рашфорд, Лукаку, Марсијал.

Отсутни: Баи, Ерера, Шо, Валенсија.

Се вчитува...