Најавени тимови: Покетино и без „резервното оружје“ против Ајакс

Маурицио Покетино не може да крене глава од проблеми околу составот на Тотенхем за вечерашниот дуел со Ајакс, против тимот што традиционално игра многу подобро на гостински терен отколку во Амстердам.

Отсуството на Хари Кејн како да не беше доволна главоболка за стратегот на „спарси“, кој за денешниот натпревар остана и без „резервното оружје“, Кореецот Сон, кој поради суспензија ќе мора да го следи овој дуел од трибините. Фертонген и Сисоко исто така се жалат на повреди, младиот Винкс е „во аут“, па јасно е дека Тотенхем ќе мора со „крпен состав“ да се обиде да стигне до позитивен резултат пред реваншот во Холандија.

На спротивната страна, Балде е единтвениот повреден играч во таборот на Ајакс, каде повторно се ќе се врти околу ударното напаѓачко трио, Нерес – Тадиќ – Зијеш.

ТОТЕНХЕМ – АЈАКС

ТОТЕНХЕМ: Љорис, Трипие, Роуз, Алдерверелд, Санчез, Дајер, Ванајама, Ериксен, Али, Моура, Љоренте.

Отсутни: Орие, Кејн, Ламела, Сон, Винкс. Неизвесни: Фертонген, Сисоко.

АЈАКС: Онана, Талјафико, Блинд, Де Лихт, Мазрауи, Де Јонг, Ван де Бек, Шене, Нерес, Тадиќ, Зијеш.

Отсутни: Банде.

Се вчитува...