Најавени тимови: Сон е адутот на Тотенхем во Амстердам

Тотенхем вечерва на гостински терен ќе брка негатива против Ајакс, па јасно е дека Маурицио Покетино од самиот почеток ќе мора да тргне со напаѓачка формација. Добра вест за Аргентинецот е што на располагање повторно ќе го има Хеунг Мин Сон, кој поради суспензија не настапи на првиот меч во Лондон.

Корејскиот напаѓач го постигна голот за победа над Манчестер Сити во Лондон, потоа беше и двоен стрелец на гостувањето на „Етихад“, така што нема сомнеж дека тој повторно ќе биде главен адут на Покетино во обид за триумф на гостински терен. Фертонген ќе настапи со заштитна маска по повредата на главата заработена на првиот меч во Лондон, што е многу важно во ситуација кога „спарси“ во меѓувреме останаа и без помошта на Давинсон Санчез.

На спротивната страна, домаќините имаат само една посериозна дилема, дали Бразилецот Нерес ќе биде подготвен за настап по повредата заработена на куп-финалето минатиот викенд. Шансите тој да биде „фит“ се големи, но доколку тоа не се случи главен кандидат за неговото место во тимот е ветеранот Хунтелар, што ќе значи и преселба на Тадиќ од „лажна деветка“ на крилен напаѓач.

АКАЈС – ТОТЕНХЕМ

АЈАКС: Онана, Мазрауи, Блинд, Де Лихт, Талјафико, Де Јонг, Ван де Бек, Шене, Зијеш, Нерес, Тадиќ.

Отсутни: Банде, Еитинг. Неизвесен: Нерес.

ТОТЕНХЕМ: Љорис, Трипие, Фертонген, Алдерверелд, Роуз, Сисоко, Ванајама, Али, Ериксен, Сон, Моура.

Отсутни: Кејн, Санчез, Винкс.

Се вчитува...