Најавени тимови: Валверде со сите „оружја“, Клоп без Фирмино на „Камп Ноу“

Барселона и Ливерпул ќе ги одмерат вечерва силите на „Камп Ноу“, мега-дуел на кој и двајцата тренери немаат никакви проблеми со составот, па Валверде и Клоп ќе ги извадат своите најсилни оружја од првата минута на „Камп Ноу“.

Единствената дилема на Валверде е кој да им прави друштво на Меси и на Суарез во напаѓачкото трио, каде се очекува Дембеле да добие предност во однос на Кутињо.

На спротивната страна, Клоп ќе го нема Роберто Фирмино во стартниот тим. Тој по пропуштениот меч со Хадерсфилд, не се опорави целосно и за овој голем дуел на „Камп Ноу“. Кеита ќе се пресели на клупата за резерви и ќе му го препушти своето место на Фабињо, се со цел за малку подефанзивна игра во средниот ред.

БАРСЕЛОНА – ЛИВЕРПУЛ

БАРСЕЛОНА: Тер Штеген, Роберто, Алба, Пике, Ленгл, Ракитиќ, Артур, Бускетс, Дембеле, Меси, Суарез.

Отсутни: Рафиња.

ЛИВЕРПУЛ: Алисон, Александер Арнолд, Матип, Ван Дајк, Робертсон, Фабињо, Хендерсон, Вајналдум, Салах, Стариџ, Мане.

Отсутни: Лалана.

Се вчитува...