Најавени тимови: Важен играч се враќа кај Барса за реваншот во Дортмунд

Барселона има огромни четири гола предност од првиот меч, но каталонците потенцираат дека се свесни дека не смеат да се опуштат на вечерашниот реванш во Дортмунд, каде домашната Борусија ќе има фанатична помош од трибините.

Одлична вест за  каталонците е камбекот по повредата на Дани Олмо, но шпанскиот репрезентативец најверојатно ќе стартува од клупата и ќе влезе во игра во второто полувреме. Флик најверојатно ќе направи само една измена во стартниот тим во однос на првиот меч од четвртфиналето, и тоа принудна, па по повредата на стартниот лев бек Балде шанса ќе добие Мартин.

На спротивната страна. кај Борусија повторно ќе недостигаат Шлотербек и Сабицер, а проблем е и повредата на Емре Џан, чиј настап на вечерашниот реванш е неизвесен.

Астон Вила ќе брка негатива од два гола на реваншот со ПСЖ, поради што Унаи Емери е принуден да тргне нешто поофанзивно од првата минута. Воткинс ќе биде предводник на нападот, помогнат од Асенсио и од Рашфорд, а голем плус за гостите од Париз е враќањето на капитенот Маркињос, кој поради суспензија го пропушти првиот меч на „Паркот на принцовите“.

БОРУСИЈА Д. – БАРСЕЛОНА

БОРУСИЈА: Кобел, Зиле, Џан, Антон, Рајерсон, Нмеча, Свенсон, Грос,  Чуквуемека, Бајер, Гираси.

Отсутни: Сабицер, Мане, Шлотербек. Неизвесен: Џан.

БАРСЕЛОНА: Шчесни, Кунде, Кубарси, Ињиго Мартинез, Мартин, Де Јонг, Педро, Фермин Лопез, Јамал, Левандовски, Рафиња.

Отсутни: Тер Штеген, Балде, Касадо, Бернал.

АСТОН ВИЛА – ПСЖ

АСТОН ВИЛА: Мартинез, Кеш, Дињ, Конса, Мингс, Камара, Тилеманс, Роџерс, Асенсио, Рашфорд, Воткинс.

Отсутни: /

ПСЖ: Донарума, Хакими, Мендеш, Пачо, Маркињос, Витиња, Жоао Невеш, Руиз, Дуе, Дембеле, Кварацкелија.

Отсутни: /

Се вчитува...