Најавени тимови за ЛШ: Реал со ударниот квартет од првата минута на „Ванда Метрополитано“

Реал Мадрид има минимална предност од првиот осминафинален дуел со Атлетико Мадрид, но Карло Анчелоти јасно стави до знаење дека не планира да игра дефанзивно на вечерашиот реванш на „Ванда Метрополитано“.

Валверде ќе се врати на улогата на десен бек каде се почесто е користен во последно време, а Анчелоти повторно ќе стартува со четворицата клучни играчи во напаѓачкиот дел од тимот, со Мбапе, Винисиус и Родриго во нападот помогнати од Белингем како офанзивен играч за врска.

На спротивната страна, Диего Симеоне нема проблеми со повредени и казнети играчи, па аргентинскиот стратег повторно ќе му даде шанса како стартер на сонародникот Алварез, додека Серлот ќе чека шанса од клупата за резерви.

Арсенал веќе го осигура пласманот во следната рунда, па Микел Артета може да си дозволи да одмори дел од помладите играчи кои често беа стартери во последниот месец. Во една таква ситуација, ретка шанса за старт од првата минута ќе добие Рахим Стерлинг.

ЛИЛ – БОРУСИЈА Д.           18.45 часот

ЛИЛ: Шевалие, Муние, Диаките, Александро, Гудмундсон, Андре, Буади, Харалдсон, Мукау, Мбапе, Давид.

Отсутни: Жегрова. Неизвесни: Бакер, Сахрауи.

БОРУСИЈА: Кобел, Рајерсон, Грос, Бенсебаини, Џан, Шлотербек, Грос, Сабиџер, Брант, Адејеми, Гитенс, Гираси.

Отсутни: Чуквуемека.

АРСЕНАЛ – ПСВ АЈНДХОВЕН

АРСЕНАЛ: Раја, Вајт, Салиба, Кивиор, Зинченко, Едегард, Рајс, Жоржињо, Стерлинг, Тросар, Мерино.

Отсутни: Сака, Хаверд, Жезус, Томијасу.

ПСВ АЈНДХОВЕН: Бенитез, Ледезма, Фламинго, Боскаљи, Жуниор, Шоутен, Тил, Саибаи, Перишиќ, Ланг, Де Јонг.

Отсутни: Пепи, Тилман, Бајрактаревиќ.

АСТОН ВИЛА – БРИЖ

АСТОН ВИЛА: Мартинез, Дисаси, Конса, Мингс, Дињ, Камара, Тилеманс, Бејли, Роџерс, Рашфорс, Воткинс.

Отсутни: Баркли.

БРИЖ: Мињоле, Сабе, Ордоњез, Мехеле, Де Кујпер, Ониједика, Јашари, Талби, Фанакен, Цолис, Јутгла.

Отсутни: Мајер, Сејс.

АТЛЕТИКО М. – РЕАЛ М.

АТЛЕТИКО: Облак, Љоренте, Хименез, Ленгле, Галан, Де Пол, Бариос, Лино, Симеоне, Гризман, Алварез.

Отсутни: /

РЕАЛ МАДРИД: Куртоа, Валверде, Ридигер, Асенсио, Менди, Чуамени, Модриќ, Белингем, Винисиус, Родриго, Мбапе.

Отсутни: Карвахал, Себалјос, Милитао, Валјехо.

Се вчитува...