Најблиските соработници во Тотенхем го „предадоа“ Конте

Отказот на Антонио Конте од Тотенхем, е главна тема на Островот во тек на репрезентативната пауза поради натпреварите во квалификациите. Официјалнииот раскин на соработката дојде после експлозија од незадоволство од Италијанецот поради она што го искажа за играчите. Освен тоа Конте го дочека уште една непријатна ситуација.

Речиси цел стручен штаб се одлучи да не го напушти клубот и да остане во Лондон, објави новинарот на Дејли Телеграф, Мет Ло.

Единствено по отказот, по него тргна само братот Џанлука Конте кој работеше како аналитичар. Остатокот остана во Тотенхем и ќе работи и со новиот стручен штаб.

Се вчитува...