Најбогатиот фудбалер на светот кој „тежи“ 18 милијарди долари остана без клуб

Фудбалерот чие семејно богатство се мери во милијарди долари, Фаик Болкијах, остана без клуб. По истекот на договорот со тајландскиот тим Рачабури, 28-годишниот фудбалер стана слободен играч и е во потрага по нов тим.

Болкијах во младинските категории играше за академиите на Саутемптон, Челси и Лестер, а професионалната кариера ја продолжи во португалскиот тим Маритимо. Потоа, се пресели во тајландскиот шампионат каде настапуваше за два тима, Чонбури и Рачабури.

Сепак, Болкијах, далеку поголемо внимание во јавноста предизвикува со неговото потекло. Тој е син на принцот од Бутан, Џефри Болкија и внук на султанот на Брунеи, а семејното богатство се проценува на 18.6 милијарди долари.

Тој е роден во Лос Анџелес, има двојно државјанство, на Брунеи и на САД, а за селекцијата на Брунеи досега настапи на шест натпревари.

Се вчитува...