Најбрзиот човек на светот добива наследник – Доаѓа крал или кралица

Најбрзиот човек на светот, Јусеин Болт на социјалните мрежи објави дека наскоро ќе стане татко. Болт се пофали дека тој и неговата партнерка, Кеси Бенет очекуваат дете со интересен опис со фотографија од неговата партнерка.

„Доаѓа крал или кралица“, напиша легендарниот спринтер. 

Болт и Бенет се заедно од 2014 година, а Кеси е четири години помлада од 33-годишниот рекорден на делниците на 100 и 200 метри.

 

Се вчитува...