НАЈЧИТАНО ВО 2019… Двајца голмани му купија нов автомобил на тренерот што ги тренирал како деца

НАЈЧИТАНО ВО 2019…

Издвојувајќи ги најчитаните текстови на ЕКИПА за изминатава 2019 година уште едно потсетување за најзначајните настани, моменти, информации кои ја одбележаа годината која заминува…

======================================================================================

Двајца хрватски голмани, Доминик Ливаковиќ од Динамо Загреб и Јосип Чондриќ од Истра, ги освоија симпатиите на јавноста во регионот со својот голем потег – да му купат нов автомобил на тренерот кој работел со нив на почетокот од кариерата. Сега 73-годишниот Жељко Незиќ важи за еден од најдобрите тренери со голмани во цела Хрватска, тој соработуваше со Ливаковиќ и со Чондриќ во младинските категории на Загреб, а двајцата чувари на мрежата очигледно сметаат дека немало да дотуркаат во кариерата доколку Незиќ не ги навел на вистински пат.

Новиот автомобил е од брендот „Опел Корса“, бидејќи Незиќ имал токму ваков автомобил додека тие настапувале за Загреб.

„Ова е само мал знак на внимание, не можам да ви опишам колку јас и Ливаковиќ сме му благодарни за се што направи за нас. И ден денес ги следи натпреварите, па ни коментира што сме направиле добро, а во што можеме да бидеме уште подобри“ – изјави Чондриќ.

Се вчитува...