Најдобрата одбрана на Мундијалот: Ландин „долета“ од никаде… (ВИДЕО)

На вчерашниот натпревар меѓу Данска и Јапонија видена е можеби најдобрата одбрана на Мундијалот во Египет. Никлас Ландин, еден од најдобрите голмани на светот, ги тестираше своите летечки способности.

Голот на Данска беше празен, неговиот колега од спротивната страна се обиде тоа да го искористи, но одеднаш ‘долета’ Ландин.

Данците славеа на натпреварот со 34-27, продолжувајќи на тој начин со максимален ефект. Ландин, пак, мечот го заврши со 12 одбрани.

Се вчитува...