Најдобрите трансфери летово: Повторно доминација на англиските клубови

Заврши уште еден интересен трансфер период. Повторно англиските клубови доминираа на пазарот, па затоа во топ 10 трансфери летово дури осум се од тимовите кои настапуваат во Премиер-лигата.

Највреден трансфер е тој на Антони од Ајакс кој за сума од 95 милиони евра премина во Манчестер јунајтед. На второто место се наоѓа Весли Фофана кој од Лестер премина во Челси за 80,4 милиони евра. Прв тим кој што не е од Премиер-лигата е актуелниот европски шампион Реал Мадрид кој го доведе Орелијен Чуамени кој од Монако стигна за 80 милиони евра. На четвртото место е Дарвин Нуњез од Бенфика во Ливерпул за 75 милиони евра, додека петти е Кашемиро од Реал Мадрид во Јунајтед за сума од 70,65 милиони евра.

Во топ 10 уште се и: Исак (Њукасл) 70 милиони, Матајс де Лихт (Баерн) 67 милиони, Марк Кукурелја (Челси) 65.3 милиони, Ерлинг Халанд (Манчестер сити) 60 милиони и Ришарлисон (Тотенхем) 58 милиони евра.

Интересно е тоа што трансферот вреден 40 милиони евра на Роберт Левандовски од Баерн Минхен во Барселона, воопшто не е во топ 10 на летниот трансфер преоден рок.

Се вчитува...