Најдоброто од „генијот“ Чави во дресот на Барселона (ВИДЕО)

Легендарниот Шпанец Чави по шест години поминати во Катар и Ал Сад се врати во Барселона, но овој пат наместо со капитенската трака на тренот ќе ги предводи каталонците од клупата.

Чави беше дел од Барселона од 1991 година кога шест години помина во младинската школа на „Ла Масија“, а дебито за сениорскиот тим го имаше во 1998 година. За овој клуб одигра 767 натпревари на кои постигна 85 гола, а 185 пати асистираше до своите соиграчи.

Како играч Чави настапуваше за Барселона до 2015 година, а освои осум трофеи во Ла Лига, три трофеи во Купот на Шпанија, шест во Суперкупот, четири во Лигата на Шампионите, два пати го креваше и Суперкупот на УЕФА и два пати Светското клупско првенство.

Дали генијалноста од теренот ќе успее да ја пренесе и на клупата останува да видиме.

Се вчитува...