Најдоброто од НБА – лигата: „Луди“ акции, атрактивни забивања и „банани“ за мерак

НБА – лигата, секогаш достојна на своите карактеристики, најквалитетната кошаркарска лига во светот и во 2017 година приреди многу возбудувања. Тројките на Стеф Кари, забивањата на Џејмс, блокадите на Ембид се дел од магиите кои постојано ги режира НБА, потези кои секогаш оставаат без здив.

Сепак, 2017 ќе се памети по реванширњето на Голден стејт над Кливленд во третото последователно финале меѓу овие две екипи. „Воините“ засилени со Кевин Дурант ја вратија титулата во Оукленд, и сега имаат скор од 2-1 против Леброн Џејмс и неговите „кавалери“ во финалната серија.

Прогласувањето на Расел Вестбрук за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната е момент кој исто така ќе биде запишан во историјата, особено што Вестбрук до ова признание стигна откако го собори рекордот на Оскар Робертсон за најмногу „трипл – дабл“ (42)  остварувања во една сезона, не вклучувајќи ги разигрувањата. Со својата лидерска улога на тимот на Оклахома, „осамениот“ Вестбрук имаше просек од 31.6 поени, 10.7 скока и 10.4 асистенции по натпревар, а пропушти само една од вкупно 82 средби.

collageNBA@

Најдоброто од НБА – лигата за 2017 година:

 Топ 10 акции

https://www.youtube.com/watch?v=YZg92Q12-iU

Топ 10 забивања

https://www.youtube.com/watch?v=_XaxyIWS6G8

Топ 10 асистенции

https://www.youtube.com/watch?v=s1BwmLgx5FE

Топ 10 блокади

https://www.youtube.com/watch?v=mb8CvkUKXMw

Топ 10 „кросоувери“

https://www.youtube.com/watch?v=aC72YYjkuJw

Се вчитува...