Најгласниот заговорник за крај на сезоната заболе од Ковид-19

Претседателот на Бреша, Масимо Челино, објави дека заболел од коронавирусот заедно со неговата ќерка. Првиот човек на овој италијанскиот прволигаш е најгласен заговорник за идејата фудбалската сезона во Италија никако да не продолжи. Тој смета дека играњето фудбал во вакви ненормални услови значи непочитување на жртвите и на нивните семејства, заканувајќи се дека Бреша нема да се натпреварува дури и доколку тоа значи преселба во понизок ранг на натпреварување.

Неколку италијански медиуми објавија дека прегледот врз Челино покажал дека тој има антитела од Ковид-19 во организмот, по што првиот човек на Бреша во изјава за „Ла Република“ ја потврди оваа информација.

„Сега сум неколку дена во Калјари, откако три седмици останав во карантин бев во карантин во Бреша. Медиумите дознаа дека ќерка ми имала коронавирус, а мојот син бил негатива. Јас исто така сум позитивен. Главни симптоми ми беа преголем замор и силна болки во коските“, истакна Челино.

Воедно, тој го повтори својот став дека воопшто не треба ни да се дискутира за продолжение на сезоната во Калчо-лигата.

„Апсурдно е додека луѓе умираат, ние да дискутираме за фудбал. Јас имам вила во Калјари и една во Мајами, но толку многу луѓе се сиромашни и ќе се борат да преживеат, вниманието треба да го насочиме кон нив, а не кој спортот. Нашата влада треба да е поблиска со луѓето, еден чек од 600 евра не менува ништо. Се срамам од оваа Влада на Италија, сериозно размислувам да земам британски пасош“, вели претседателот на Бреша.

Се вчитува...