Најголемиот губитник во историјата на НБА вели дека не е крив за се

Најтурбулентната ера во историјата на Далас Маверикс заврши, а тоа се покажа како единствениот можен исход. Нико Харисон, генералниот менаџер на оваа НБА франшиза, беше отпуштен откако со месеци се креваше незадоволство од неговата работа во Тексас.

Долго време, Харисон беше непопуларен кај навивачите, но откако беше објавено дека го трејда Лука Дончиќ во Лејкерс, навивачите на Мавс отворено го мразат. Набрзо беше отпуштен од сопственикот на тимот, Патрик Думонт.

Од тој момент, почнаа да се појавуваат „валкани алишта“ за неговиот мандат во Далас.

Еден детаљ се издвојува, а се однесува на Џејлен Брансон, плејмејкерот на Њујорк Никс и еден од најдобрите НБА играчи во претходните години. Бренсон играше за Далас, но го напушти клубот како слободен агент во летото 2022 година.

„Харисон го обвини тогашниот сопственик Марк Кјубан за, според него, најголемите кадровски грешки на Маверикс за време на неговиот мандат. Харисон вели дека одлуката на Кјубан била да го пушти Бренсон да си замине како слободен агент, како и да го продаде за Кристијан Вуд, играч кого Кид не сакал да го тренира и чие присуство во тимот го сметал за товар. Некои членови на тренерскиот штаб и менаџментот, исто така, го обвинија Кјубан за тие потези“, пишува новинарот на ЕСПН, Тим Мекмахон.

Се вчитува...