Најголемиот „лузер“ во НБА ги откри своите планови за иднината

Поранешниот генерален менаџер на Далас Маверикс, Нико Херисон се пензионира привремено од кошарката за да се фокусира на себе и своето семејство. Харисон беше отпуштен во Далас пред неколку дена, а веста за неговото пензионирање од кошарката ја објави инсајдерот од НБА, Крис Хејнс.

Според Хејнс, Харисон добро се држи и покрај сè што се случи.

„Тој е во добро расположение. Ќе одвои малку време да биде со своето семејство и да се оддалечи од сè. Беше тешка ситуација“, изјави Хејнс за НБА ТВ.

Маверикс објавија во вторникот дека Харисон е отпуштен откако тимот ја отвори сезоната 2025-26 со скор 3-8. Тој беше во својата четврта сезона како генерален менаџер, а ќе остане запаметен по размената во која го испрати Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс за Ентони Дејвис.

Се вчитува...