Најголемите трансфери оваа зима: Оскар во Шангај СИПГ, Дракслер во ПСЖ…

Оваа зима беа направени неколку интересни трансфери, но во глобала, може да се каже дека не се случија ’тектонски пореметувања’ во фудбалот и зимскиот преоден рок помина мирно. Сепак, некои ангажмани изненадија многумина, а ова се петте најголеми трансфери што го одбележаа овој преоден рок…

ОСКАР – ОД ЧЕЛСИ ВО ШАНГАЈ СПИГ (60 милиони евра)

Oskar

Бразилскиот фудбалер го напушти Челси и реши да се пресели во Кина, со изговор дека ’сака повеќе да игра’. Во тимот од Лондон оваа сезона забележа само пет натпревари, а неговата седмична плата во Шангај ќе изнесува 460.000 евра.

ЏУЛИЈАН ДРАКСЛЕР – ОД ВОЛФСБУРГ ВО ПСЖ (40 милиони евра)

draksler psz

Германскиот репрезентативец беше желба на многу клубови од Англија, кои долг период ги следеа неговите настапи, но, сепак, тој се реши за трансфер во Пари Сен Жермен за сума од 40 милиони евра. Веќе на своето деби, тој постигна погодок и сигурно ќе биде огромно засилување за тимот на Унаи Емери.

ГАБРИЕЛ ХЕСУС – ОД ПАЛМЕИРАШ ВО МАНЧЕСТЕР СИТИ (32 милиони евра)

gabriel-jesus-manchester-city

Кога станува збор за Манчестер сити, тогаш парите не се никаква пречка за доведување на нов фудбалер. Габриел Хесус е веќе ѕвезда во Бразил, но тргна во освојување на светот и се пресели во Англија. Во дресот на Палмеираш постигна 17 погодоци и тоа беше доволна причина за негов ангажман на „Етихад“. Своето деби го забележа против Тотенхем.

ГОНКАЛО ГУЕДЕШ – ОД БЕНФИКА ВО ПСЖ (32 милиони евра)

Guedes

После три сезони поминати во тимот на Бенфика, 20-годишниот Гуедеш реши да ги промени клупските бои. Неговите добри партии не останаа незабележани, а со погодокот против Атлетико Мадрид во ЛШ, минатиот септември, стана најмладиот Португалец кој бил стрелец во најсилното европско натпреварување.

ДИМИТРИ ПАЈЕ – ОД ВЕСТ ХЕМ ВО МАРСЕЈ (29.3 милиони евра)

Paje-Marsej

Французинот долго време се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, но Олимпик Марсеј чекаше во ’заседа’ и успеа да го врати играчот на „Велодром“. Последниот период, Паје имаше бурни денови во Англија, несогласувања со фанвоите на Вест Хем, за конечно да биде завршена сагата за него, и тој да се врати во Франција.

Се вчитува...