„Најкорисен“ професор: Стеф Кари ќе држи онлајн часови по кошарка

Ѕвездата на Голден стејт вориорс Стеф Кари, започнува кариера во онлајн едукацијата, па ќе биде инструктор по кошарка. Двократниот МВП (најкорисен играч во лигата) се дружува со „Мастерклас“ организацијата за да ги започне првите онлајн часови по основи на кошарката, на кои ќе може да се присуствува преку зачленување на веб-страницата на „Мастерклас“, за да може да се гледаат видео записите.

„Кога ќе размислам, да имав ваков пристап кон усовршувањето на кошарката кога имав 13 години многу побрзо ќе се развиев и ќе бев многу пободар играч. Многу време изгубив додека научив како правилно да ги правам вежбите. Затоа со „Мастерклас“ им овозможуваме на младите идни кошаркари на уникатен начин да научат неколку работи кои ќе им ја подобрат играта. Сакам луѓето да видат на каков начин инвестирам во себе, на каков начин тренирам. Целта на ова се да помогне на сите кои уживаат во кошарката или ја сметаат за нивна професија. Сакам секој поединец да пристапува максимално на предизвиците, сакам кој има желба да стане најдобар да се предизвика самиот себе и да ги помести границите на неговите можности, на крајот резулатите сами ќе покажат колкав е напредокот“, истакна Кари.

Кари е првиот кошаркар кој ќе соработува со оваа компанија, неговите предавања ќе започнат со пренос во живо кон почетокот на 2018 година. Цените за единечни часови ќе чинат 90 долари, додека годишната членарина ќе чини 180 долари, но со истата ќе добиете можност да ги гледате едукативните програми на сите познати личности. Како дел од негавата програма, сите заинтересирани ќе имаат можност да вежбаат во подобрување на управувањето со топката, шутот од далечина, организирање напади, и ред други сегменти во овој спорт. За време на предавањата секој ќе може да му постави прашање на мега-ѕвездата на „воините“.

Освен Кари, со „Мастерклас“ едукациската платформа соработуваат голем број на познати личности во поќе сфери. Семјуел Л. Џексон држи предавања по актерство, Серена Вилијамс тенис, Гордон Ремзи ги открива тајните во кулинрството, а Кристина Агилера им помага на оние кои сонуваат да бидат музички ѕвезди.

 

Се вчитува...