Најлошиот клуб во историјата на Велика Британија победи по 840 дена

Најлошиот фудбалски клуб во историјата на Велика Британија, Форт Вилијам, забележа триумф по 840 дена. Тие се натпреваруваат во Хајланд лигата, што е петта по ранг во Шкотска.

По низата од 73 натпревари без победа тие синоќа славеа против Нерин Каунти во купот на Северна Шкотска со 5-2. Последната победа претходно тимот ја оствари пред четири сезони, кога славеа над Стретспи Тистл со 4-1.

 

 

Се вчитува...