Најлошиот Манчестер Јунајтед во историјата на Премиер-лигата

Премиер-лигата е основана пред 27 години, а меѓу шесте шампиони од овој период Манчестер Јунајтед има убедливо најмногу титули, дури 13. Но, тимот што сега го предводи Оле Гунар Солскјер е најслабиот состав на клубот од „Олд Трафорд“ во историјата на Премиер-лигата.

Изминатите пет години шампионскиот трофеј за Манчестер Јунајтед е недостижен, но сега тимот тоне многу подлабоко. По осум кола во новиот шампионат се наоѓа на само два бода од зоната за испаѓање.

Со поразот од Њукасл (1-0) Манчестер Јунајтед остана на само девет освоени бода, што е најлош старт уште од сезоната 1989/90 кога во првите осум кола освои осум бода и на крајот заврши на 13.место. Но, таков старт е забележан пред ерата на Премиер-лигата. Сегашниот состав на Сослкјер урива негативни рекорди.

Се вчитува...