Најлуд меч во историјата: Данска е во полуфиналето на СП 2021

Репрезентацијата на Данска е првиот полуфиналист на Светското ракометно првенство откако во најлудиот меч во историјата по пенали славеше над домаќинот Египет со вкупни 39-38.

Домаќините одлично го отворија натпреварот и по седум минути имаа предност од 3-0. Сепак, Данците заиграа далеку подобро и со одлична игра во последните десет минути на пауза заминаа со плус три (13-16). Египќаните одлично го стартуваа и вториот дел и по само седум минути повторно го вратија мечот во егал, а така се играше до самиот финиш.

На 40 секунди до крај Египет тргна во напад за победа, но по лошата замена беше исклучен Мандух, по што Данска доби шанса да стигне до победа. Сепак, и актуелниот светски шампион не се снајде најдобро па натпреварот замина во продолженија со резултат (28-28).

Данска беше за нијанса подбра репрезентација во продолженијатаа, а на 30 секунди до крајот на мечот имаа предност од 34-33, по што следуваше голема глупост на најискусниот Микел Хансен кој на секунда до крај по одземена топка место само да ја остави на теренот, проигра до крилото. Следуваше прегледување на снимката, по која хрватските арбитри се одлучија да му покажат црвен картон на Хансен и да досудат пенал за Египет кој го реализираше Санад, а мечот замина во второ продолжение.

Само еден гол беше даден до последните моменти на второто продолжение, кое донесе нова драма откако овојпат Египќаните погрешија, а Данска доби пенал за ново израмнување кое успешно го реализираше Ландин за конечни по 80 минути игра (35-35). Ландин уште еднаш покажа зошто е најдобар голман на светот откако успеа да скроти два пенали на Египќаните и донесе ново полуфинале за репрезентацијата на Данска.

Микел Хансен со десет гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај Египет Јахија заврши исто така со десет, а новиот голман на Пелистер Хендави забележа осум интервенции.

Во полуфиналето Данска ќе игра со подобриот од мечот меѓу Шпанија и Норвешка.

Се вчитува...