Најлуд облог во историјата: Вложи 10 милиони евра на тимот за кој што навива…

Џим Мекингвејл е 71-годишен успешен бизнисмен од САД, сопственик на голем ланец на продавници за продажба на мебел. Исто така, Мекингвејл важи и за страствен обложувач, што го докажа откако реши да вложи неверојатни 10 милиони долари дека неговиот омилен тим, Хјустон астрос, ќе стигне до титулата во МЛБ-лигата.

Облогот е направен на почетокот од сезонава, на квота 7,5, а откако Хјустон се пласираше во големото финале, со триумф во серијата против Филаделфија, Мекингвејл би добил неверојатни 75 милиони долари. Интересно, тој инкасираше осум милиони долари на сличен облог кога Хјустон стана шампион во2017 година, по што клубот го повика како специјален гостин при посетата на Белата куќа што ја организираше тогашниот американски претседател Доналд Трамп.

Оваа година може да се покаже среќна за американскиот милионер, кој во април заработи 10 милиони долари откако Канзас стана шампион во кошаркарската НЦАА-лига. Се чини, токму тие пари во целост ги вложил на Хјустон Астрос.

„Единствената работа што ми е здодевна во животот е стабилноста. Затоа, ги сакам сите видови на големи облози. Имам висока толеранција на ризик“, изјави Мекингвејл за телевизијата ЕСПН.

Неговото богатство американските медиуми го проценуваат на 300 милиони долари.

Она што мора да се истакне е и специјалната кампања во продавниците за мебел што се во сопственост на овој милионер. Имено, доколку купите мебел во вредност од 5.000 долари, Мекингвејл ветува дека ќе ви ги врати парите и ќе ви подари уште дополнителни 5.000 долари – доколку Хјустон стане шампион на МЛБ-лигата.

Се вчитува...