Најлудиот хет-трик во историјата: Два гола од корнер и еден од слободен удар

Фудбалерот на англискиот тим Викомб, Џо Џејкобсон постигна хет-трик во победата над Линколн во Лига 1. Интересен е податокот што фудбалерот на Викомб постигна два гола од корнер и еден од слободен удар.

Џејкобсон мораше да чека 48 часа за хет-трикот да му биде признат, бидејќи раководството на ФА одлучуваше дали еден од головите од корнер е автогол. Натпреварот меѓу двата тима заврши со победа на Викомб од 3-1.

Се вчитува...