Најлудиот тим во историјата – Нормално во режија на Марио Балотели

Еден од најконтроверзните фудбалери на денешницата, Марио Балотели ги избра најдобрите 11 во историјата според него. Балотели не би бил Балотели, доколку во тимот нема играчи кои што не би се нашле во ниту еден друг избор во светот.

Меѓу единаесетте најдобри на Балотели, го нема Кристијано Роналдо, но тука се Жулио Цезар, Максвел, Маикон и Антонио Касано. Место во најдобрите единаесет има и за Канаваро, Неста, Јаја Туре, Пирло, Џерард, Роналдо Назарио и Меси.

Марио Балотели уште еднаш покажа дека човек од него не може ништо да очекува, па дури ако е во прашање и тим кој треба да го состави од најдобрите на сите времиња.

 

Се вчитува...