Најмладите од фудбалската школа на Влатко Гроздановски на дружба со репрезентативците (ФОТО)

Најмладите членови на фудбалската школа на поранешниот македонски репрезентативец Влатко Гроздановски претпладнево се дружеа со актуелните репрезентативци на последниот тренинг пред утрешниот дуел од Лигата на нациите против Ерменија.

Членовите на школата на Влатко Гроздановски го проследија од трибините и тренингот на нивните миленици, најавувајќи дека утре повторно ќе бидат на националната арена „Филип Втори“ со поддршка за македонската репрезентација на еден од најважните мечеви во групната фаза од Лигата на нациите.

Се вчитува...