Најскандалозен пенал во историјата на аргентинското „Ел Класико“ (ВИДЕО)

Повеќе од возбудлив натпревар одиграа Индепендиенте и Расинг во синоќешното аргентинско „Ел Класико“ во 12. коло од најсилниот шампионат на Аргентина. Дуелот заврши без победник, 1-1, но мечот го одбележа ситуацијата во 35. минута.

Беше досуден пенал за Расинг, иако прекршокот беше две до три метра надвор од шеснаесетникот. Одлуката на судијата беше изненадувачка за сите, а шокиран беше и легендарниот Серхио Агуеро кој го следеше мечот на својот поранешен клуб Индепендиенте.

„Пенал, ВАР во Аргентина е совршенство“ – напиша Агуеро по натпреварот, секако со ироничен коментар.

Ниту огромните протести на фудбалерите на Индепендиенте не вродија со плод, Расинг на крај, сепак, си го доби пеналот.

Independiente 1-[1] Racing Club – Matías Rojas great strike 38′ (foul + penalty kick)
by u/Joe_AM in soccer

Се вчитува...