Најтрофејните на мегдан за ново мундијалско финале

Шведска и Франција ќе ја отворат полуфиналната програма на Светското ракометно првенство во Египет. Натпревар меѓу двете најтрофејни репрезентации во историјата на Мундијалите. Франција е рекордер по бројот на освоени титули со шест, додека Шведска има две помалк. И додека не е изненадување тоа што Франција е меѓу четирите најдобри, Шведска игра неверојатен шампионат иако на шампионатот е без услугата на девет стандардни репрезентативци.

„Не се плашиме од инвидуалните квалитети на Французите. Французите победија против одличен тим како што е Унгарија. Ние сме во полуфиналето и наша цел е освојување на трофејот. Се надевам дека ќе победиме“, изјави голманот на Швеѓаните, Паличка. 

Франција ќе биде значително ослабена откако во трилер четвртфиналната победа против Унгарија, поради повреда ги загуби Нгесан и Лука Карабатиќ, но сепак „галските петли“ размислуваат само на победа.

„Натпреварот против Шведска е клучен во нашата мисија за повторно освојување на шампионатот. Ние последен пат се радувавме на светската титула во 2017 и затоа е време да го вратиме трофејот во Франција“, изјави крилото на „галските петли“, Гигу. 

Првиот полуфинален натпревар на шампионатот е закажан за 17:30 часот.

Се вчитува...