Најверниот навивач јавно се откажа од Црвена Звезда (видео)

Познатиот спортски новинар и коментатор, Милинко Пантиќ, кој е познат како еден од најголемите симпатизери на Црвена Звезда, ја шокираше српската јавност откако јавно се откажа од овој спортски колектив. Тој во својата последна емисија „Спортска галаксија“ жестоко ја критикуваше одлуката на управата на „црвено-белите“ да му врачат дрес со број 1 на воениот злочинец Драган Васиљковиќ, познат во јавноста како Капетан Драган.

Тој се врати во Србија по 13,5 години затвор поради воени злочини, по што во негова чест беше организиран свечен прием од највисокото раководство на Црвена Звезда.

„На крајот – слика која практично покажува дека српскиот фудбал го допре дното. Почесниот претседател на Црвена Звезда, Драган Џајиќ и директорот Звездан Терзиќ му подарија дрес на клубот со број 1 на воениот злочинец капетан Драган, кој по 13,5 години затвор во Хрватска и Австралија пред два месеци се врати во Србија. Само неколку дена пред овој ваш срамен чин, тој изјави дека убијците на Зоран Џинџиќ се српски херои и најави дека ако му се исполни планот да влезе во парламентот, ќе бара тие да бидат ослободени. Затворот Забела не е далеку, ако не дајте им дресови и на нив, а кога вашиот почесен член ќе ги ослободи, наградете го со тоа ќе ќе го смените името на стадионот. Каков Рајко Митиќ? Посрпски, попатриотски звучи – Стадион на Капетан Драган. Поради оваа слика, денеска се црвенеат од срам образите на сите вистински навивачи на Црвена Звезда низ целата планета. Со врачувањето на дресот го изгасивте пламенот на Црвена Звезда, шампионските рефлектори и клубот го внесовте во мрак“, разочарано порача Пантиќ.

Се вчитува...