Намалена казната на Перишиќ, останува суспензијата на Икарди

Дисциплинската Комисија при Италијанската Фудбалска Федерација донесе одлука за намалување на казната на Иван Перишиќ по црвениот картон што Хрватот го заработи во финишот од натпреварот меѓу Јувентус и Интер. Перишиќ беше исклучен поради приговор кон судијата, а по зголемениот притисок за арбитражата на Рицоли беше донесена одлука за преполовување на казната, од два на еден меч неиграње на Хрватот.

„Дисциплинецот“ немаше милост кон капитенот на Интер, Мауро Икарди, чија суспензија од два натпревари останува на сила, па аргентинскиот голгетер ќе ги пропушти натпреварите со Емполи и со Болоња.

„Нероаѕурите“ се наоѓаат на петтата позиција на табелата, со петнаесет бода заостанување зад лидерот Јувентус.

Се вчитува...