Нанели ќе биде единствениот кој ќе остане верен на Партизан

Шампионот во АБА лигата, Партизан во текот на летото најверојатно ќе остане без поголемиот дел од странските кошаркари кои по десет години и го вратија трофејот во регионалното натпреварување на Хумска, а еден од ретките што може да го носи црно-белиот дрес од есен е Џејмс Нанели.

По освојувањето на регионалниот трофеј, 33-годишниот Американец истакна дека се уште не донел конечна одлука, но за разлика од неговите соиграчи за него нема голем интерес од другите клубови. Ветеранот минатото лето дојде во Партизан од Макаби од Тел Авив, а работеше и со Жељко Обрадовиќ во Фенербахче со кој го освои трофејот во Евролигата во 2017 година.

Искусниот кошаркар минатата сезона во Евролигата имаше просек од 9,2 поени, 2,1 скока, 1,8 асистенци.

Се вчитува...