Португалскиот интернационалец Луис Нани е нов член на Лацио. Тој и официјално потпиша едногодишен договор со италијанскиот калчолигаш. Доаѓа како позајмен играч од шпанскиот прволигаш Валенсија, а Лацио доби опција и за комплетно откупување на неговиот договор.
Нани ги мина медицинските прегледи и веќе потврден е како нов член на „лацијалите“. За него ова е прво искуство во Серија А.
„Се радувам што кариерата ќе ја продолжам во Лацио. Отсекогаш сум имал желба да играм во Италија“, изјави Нани по официјализирањето на соработката со Лацио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА