Нант минимално против ППД Загреб, Барселона поразена од ПИК Сегед

Кире Лазаров со Нант во драматичен финиш славеше минимална победа против ППД Загреб со 28-27 , а Борко Ристовски со Барселона запиша неочекуван пораз на гостувањето кај ПИК Сегед со 31-28 , во натпреварите од 8.коло во групата А од Лигата на шампионите.

Македонскиот капитен со пет гола од седум обиди беше втор стрелец во составот на Нант, а еден гол повеќе од Лазаров постигна Сењамин Буриќ. Нант до петтата победа во ЛШ стигна буквално во последните секунди од натпреварот против ППД Загреб кој му пружи силен отпор на францускиот тим и до крај држеше чекор со домаќинот. Со оваа победа Нант се изедначи со Рајн Некар Левен со 11 бода во видечката тројка во групата А, која на врвот ја преддводи Вардар со 13 бода.

По неочекуваниот пораз на гостувањето кај ПИК Сегед, Барселона падна на четвртата позиција на табелата со 10 бода. Унгарскиот состав уште од стартот наметна силно темпо и во поголемиот дел беше во водство, а на одмор замина со предност од 16-13. Во првите минути од вториот дел, Барселона успеа да изедначи, а од 38.минута и да го преземе водството. На стартот од последната четвртина домаќините се изборија за изедначување на 22-22, а потоа ПИК Сегед со вкупна серија од 3-0 одново се врати во позитива (23-22). На пет минути пред крај, унгарскиот тим имаше три гола предност (28-25) и успеа да ја сочува предноста до крај и да ја запише четвртата победа во ЛШ. За Барселона пак ова е втор пораз сезонава, претходно избраниците на Чави Пасквал беа поразени од Вардар на гостувањето во Скопје.

Во дербито од 8.коло, вчера Вардар го победи Рајн Некар Левен  (30-26), а во последниот дуел од групата, вечерва играат Висла Плоцк и Кристијанштад.

Се вчитува...