Нант водеше, па извлече нерешено во Плоцк

Првиот натпревар од 1/8 финалето во ракометната Лига на шампионите помеѓу Висла Плоцк и Нант заврши без победник 32-32. Францускиот тим во последните мигови успеа да дојде до израмнување, што му дава далеку поголема предност на реваншот на негов терен.

Нант одигра одлично во првиот дел, кој го заврши со предност од четири разлика (14:18), што беше највисоката во првото полувреме. Во вториот дел Висла не само што успеа да се врати, туку на неколку пати и водеше, но ниту една повеќе од еден гол разлика. Сепак, во финишот влезе со гол предност, кој Нант го анулираше, и така остана без триумфот.

Ривера од редовите на Нант со девет гола беше најефикасен стрелец на средбата.

Во претходните натпревари, Кил и Пик Сегед направија огромни чекори кон 1/4 финалето, совладувајќи ги убедливо со 13 разлика екипите на Динамо Букурешт, односно Пик Сегед на  гостински терен.

Се вчитува...