Наполи без милост: „Седумка“ за Болоња, по три гола на Хамшик и Мертенс

Наполи немилосрдно со 1-7 славеше во првиот натпревар од 23. коло во Серија А на гостувањето против Болоња.

„Наполитанците“ одиграа феноменален натпревар во кој Марек Хамшик и Мертенс постигнаа по три гола, а еден погодок постигна и Инсиње. За домашните почесниот гол го постигна Торосидис во 36. минута од средбата, во тие моменти за 1-3.

Возбудливиот натпревар беше заокружен и со два црвени картони. Кај домашните исклучен беше Масина во 32. минута, а кај Наполи – Каљехон уште во 26. минута.

All Goals Highlights HD 1-7 BOLOGNA VS… by LiveGoalsTV

По оваа победа, Наполи со 48 бода се проби на втората позиција, еден повеќе од Рома, а три помалку од водечкиот Јувентус.

Се вчитува...