Наполи доби зелено светло: Елмас се враќа на тренинзи

Елиф Елмас и останатите фудбалери на Наполи се подготвени за враќање на тренинзи во текот на следната седмиц по позитивните разговори што претседателот Аурелио де Лаурентис ги имал со претседателот на регионот Кампаниа, Винченцо де Лука.

„Де Лаурентис побара да се почне со тренинзи во центарот Кастел Волтурно, таму има три терени и се овозможува спортистите да работат на растојание о по 20 метри. Може да биде организиран поединечен превоз, договорено е да не се користат тушевите. Предлогот ќе биде доставен до здравствената комисија, но според она што го видов и што ми беше кажано, мислам дека ќе го прифатиме“, изјави Де Лука, откривајќи и дека добил ветување за целосна дезинфекција на тренинг-центарот на „наполитанците“ на секои три дена.

Италијанските прволигаши денеска уште еднаш едногласно објавија дека сакаат да ја доиграат сезоната во Серија А, за што во следниот период ќе треба да добијат зелено светло од италијанските власти. Се очекува тоа да се случи во текот на следната седмица, на 18 мај да се почне и со тимски тренинзи, а најрано на 8 јуни да бидат создадени услови за одигрување на натпревари, на стадиони без публика.

Се вчитува...