Наполи го продава Кулибали, Гатузо го бара наследникот

Италијанскиот калчолигаш Наполи одлучи по завршувањето на сезоната да го продаде дефанзивецот Калиду Кулибали, пренесува „Кориере дело спорт“. Претседателот Аурелио де Лаурентис долго време одолеваше на понудите на европските гиганти, бараше отштета од преку 100 милиони евра, но глобалната економска криза која ќе следи по пандемијата на коронавирусот сепак ќе го примора на продажба, и тоа за околу 80 милиони евра. Прв во редот е Манчестер Јунајтед, но во трката се и ПСЖ, Реал Мадрид, Манчестер Сити.

Тренерот Џенаро Гатузо веќе добил задача да го избеде неговиот наследник. Во опција е искусниот дефанзивец на Тотенхем, Јан Вертонген, потоа Никола Миленковиќ од Фиорентина, но и Диего Карлос од Севилја. Гатузо има добри информации од скаутите и за двајца фудбалери од француското првенство, Маланг Сар (Ница) и Габриел Магаљаеш (Лил).

Се вчитува...