Наполи го сака Мемфис Депај

Холандскиот интернационалец, Мемфис Депај веројатно по само една година на крајот на сезоната ќе ја напушти Барселона. Холанѓанецот дојде како најголемо засилување летово од Олимпик Лион, меѓутоа во Каталонија не се воодушевени со неговите партии.

Според пишувањата на медиумите во Италија за услугите на напаѓачот најзаинтересиран е калчолигашот Наполи во кого гледаат замена за Лоренцо Инсиње која на крајот на сезоната ќе го напушти Неапол и ќе премине во Торонто.

Барселона сака да го продаде Депај летово како би можела нешто да заработи, бидејќи договорот му истекува на крајот на следната сезона. Единствен проблем во преговорите може да биде големата плата на Депај. Сезонава Холанѓанецот настапи на 16 натпревари во Ла лига на кои постигна осум гола и запиша две асистенции.

Се вчитува...