Наполи и Елмас лесно ја „срушија“ Салернитана (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, беше еден од најзаслужните за победата на Наполи во дуелот со Салернитана денеска. Елмас асистираше при првиот гол на Жесус во 17. минута, а потоа по еден слалом во судиското надополнување од првиот дел ја „измеша“ одбраната на гостите и изнуди пенал за 2-1. Салетнирана преку Бонацоли успеа да израмни во 33. минута.

Во вториот дел целосна доминација на Наполи. Најпрво Рахмани погоди во 47. минута, а потоа одлична позиција за Наполи. Пенал и играч повеќе на теренот, по што Инсиње донесе и 4-1.

Со голот на Верде, Специја ја совлада Сампдорија со 1-0. Торино и Сасуоло одиграа меч без победник 1-1. Санабрија го донесе Торино во водство од 1-0, а Распадори израмни во 89. минута.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...