Наполи ја најде замената за Инсиње во Реал Сосиедад

Во Неапол уште од сега се подготвуваат да најдат замена за Лоренцо Инсиње, кој по завршувањето на сезоната заминува во Торонто како слободен агент. Италијанскиот репрезентативец се договори со тимот од МЛС лигата уште пред еден месец.

Затоа Наполи тргнува по негова замена, а според информациите изборот паднал на играчот на Реал Сосиедад, Аднан Јанузај. Јанузај е поранешен играч на Манчестер Јунајтед, а игра добро во тимот од Сан Себастијан. Една полусезона беше како позајмен и во Борусија Дортмунд.

Тој игра како крилен фудбалер, и е стандарден член на белгиската репрезентација.

Се вчитува...