Наполи ја прекина серијата од три порази (два во Калчото, еден во Лигата на Шампионите) откако вечерва „сино-белите“ славеа над Болоња со 1-0.
„Наполитанците“ имаа и многу среќа откако гостите имаа поништен гол поради минимален офсајд во првиот дел, по што на стадионот „Диего Марадона“ можеше да се проследи меч без премногу шанси.
Како клучна се покажа 66. минута во која одлично се снајде Лоботка, кој успеа да го матира гостинскиот голман и им донесе огромна радост на „наполитанците“.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
