Наполи му го „украде“ планираното засилување на Анчелоти

И покрај пандемијата на коронавирусот, добар дел од европските клубови веќе кројат планови за следната сезона. Наполи, според пишувањето на пооделните италијански медиуми, веќе го договорил првото засилување за новата сезона. Тоа е дефанзивецот на Лил, Габриел Магалјаеш со кого, наводно, се договорени сите услови.

Лил за овој трансфер би требало да инкасира 30 милиони евра. Наполи на тој начин го „краде“ планираното засилување на Карло Анчелоти кој го посакуваше во Евертон. Бразилецот дури одработи и лекарски тестови во Евертон, но со појавата на пандемијата договорот пропадна, а на крај тоа го искористи Наполи.

Магалјаеш во Лил одигра 34 натпревари низ се уште актуелната сезона.

Се вчитува...