Наполи одбил 100 милиони евра од Барселона за Лоренцо Инсиње

Каталонскиот гигант Барселона остана без големо засилување во последниот ден од летниот преоден рок во Ла Лига. Раководството на клубот од „Камп Ноу“ имало неколку неуспешни обиди да ангажира нови засилувања, а меѓу нив и за Лоренцо Инсиње, офанзивниот играч за врска на Наполи.

Претседателот на „наполитанците“, Аурелио де Лаурентис, одбил фантастична понуда од 100 милиони евра од Барселона за Лоренцо Инсиње.

„Инсиње може да си замине од Наполи само преку мене мртов“, изјави Де Лаурентис за „Газета дело спорт“.

Барселона исто така не усепа ниту во намерата да ги ангажира Фелипе Кутињо, Анхел Ди Марија и Месут Озил.

Наполи во последните моменти од летниот преоден рок добил понуда и за продажба на Калиду Кулибали во Манчестер сити. „Граѓаните“ понудиле 65 милиони евра за услугите на дефанзивецот, но италијанскиот калчолигаш не се согласил да го продаде.

 

Се вчитува...