Наполи притиска за потписот на Берарди

Италијанскиот калчолигаш Наполи прави максимални напори за да го комплетира трансферот на Доменико Берарди од Сасуоло. Репрезентативецот би бил одлично решение за „наполитанците“ за зголемување на конкуренцијата во навалната линија.

Тој досега се поврзуваше со можен трансфер во Јувентус и во Интер, но тие најави не се реализираа, па на крајот би можел многу веројатно да заврши на „Сан Паоло“ во завршницата на летниот преоден рок.

Клубот се обидува во завршницата од преодниот рок да го продаде и Дуван Запата.

Се вчитува...