Наполи во преговори со Барселона за Мемфис Депај

Напаѓачот на Барселона, Мемфис Депај, најверојатно ќе ја промени средината ова лето. Наполи е заинтересиран за услугите на 27-годишниот играч, па веќе ги крои плановите за реализација на овој трансфер .

Според „Calciomercato.com“, клубовите веќе преговараат за трансферот на Холанѓанецот. Забележано е дека Барса е подготвена да го пушти играчот да си оди. Проблем за евентуална преселба на Депај во Наполи е платата на напаѓачот. Наполи го гледа Мемфис Депај како замена за Лоренцо Инсиње, кој ќе го напушти тимот на лето.

Претходно беше објавено дека управата на Барселона сака да го продаде Холанѓанецот во текот на летниот преоден рок, за да не го загуби играчот бесплатно, бидејќи договорот на Депај со Барселона е до јуни 2023 година. Депај е во Барселона од летото 2021 година. Депај оваа сезона настапи на 16 натпревари во Примера, постигнувајќи осум гола и две асистенции.

Се вчитува...