Наследникот на Модриќ во Реал Мадрид доаѓа од Монако

Реал Мадрид се подготвува за генерациска промена во која од клубот ќе заминат Тони Крос и Лука Модриќ. „Кралскиот клуб“ во таа насока веќе го ангажираше Едуардо Камавинга, а очекувањата се 19-годишникот да добие Французин за соиграч во Орелиен Чоамени.

Дваесет и двегодишниот фудбалер на Монако бележи одлични настапи во Лигата на Шампионите и француското првенство со што доби повик и во француската репрезентација, а сега се наоѓа пред трансфер од соништата.

Реал Мадрид за неговите услуги е подготвен да издвои 60 милиони евра и да го доведе во своите редови веќе зимава.

Се вчитува...