Уругвајскиот голман Фернандо Муслера доживеа двојна скршеница на десната нога на неделниот натпревар против Ризеспор во турското првенство. Само два дена подоцна, тој во болница го прослави 34. роденден. Со насмевка и во друштво на најблиските, Муслера ги дуваше роденденските свеќички во болница. Го посетија сите клупски другари од Галатасарај како и тренерот Фатих Терим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА